Alfa Romeo ќе се бори и под отворено небо – премиера на 4C Spider! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo ќе се бори и под отворено небо – премиера на 4C Spider!

Како што и очекувавме, спортското купе на Alfa Romeo доби и своја варијанта со преклоплив покрив – Alfa Romeo со задоволство го претставува 4C Spider!

Главните и најзабележливи промени во однос на купето е секако, недостатокот на кров, но и новите предни светлосни групи. По критиките кои 4C ги доби во однос на предните светла, 4C Spider доби предни светла кои потсетуваат на оние кои ги носеше концептот.

alfa-romeo-4c-spider2

Истовремено, 4C Spider може да се пофали со нова ексклузивна бела боја, како и нови дизајни на тркалата кои сега се 18-инчни напред и 19-инчни позади. Новитет е издувниот систем изработен од Akrapovic кој дополнително го истакнува спортскиот дух на 4C Spider. Како и купето, и кабриолетот ветува импресивни перформанси благодарение на екстремно ниската тежина која изнесува „помалку од 1000 килограми“. За движењето е задолжен истиот 1.75-литарски TBI турбо-бензинец.

Производството започнува на почетокот на следната година, затоа ако сакате 4C Spider, нарачајте го вашиот примерок на време!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.