Пред само неколку дена, од фабриката на BMW во Минхен излезе првиот примерок на F82 M4 од производните линии во Austin жолта боја.
Речиси половина година по произведувањето на последниот E92 M3 Coupe започна производството на неговиот наследник во истата фабрика каде беше создаден првиот E30 M3 пред 23 години. За комплетно да се склопи еден M4 ќе бидат потребни 40 часа. Посебен чекор од ова е инсталацијата на стандардниот карбонски покрив. Досегашното рачно монтирање е заменето со роботи, но завршната обработка продолжува да се одвива рачно.
Новиот 3.0-литарски шест-цилиндричен агрегат е околу 10 килограми полесен од неговиот V8 претходник и располага со сила од 425 коњски сили во опсегот помеѓу 5500 и 7300 вртежи, како и максимален вртежен момент од 550 Nm помеѓу 1850 и 5500 вртежи во минута. Тој може да го забрза автомобилот од место до 100 км/ч за 3.9 секунди со DCT или 4.1 секунда со мануелна трансмисија, додека максималната брзина е ограничена на 250 км/ч во стандардната верзија, и 280 км/ч со опционалниот M Driver пакет.