Mini го претстави новиот Clubman концепт – најголемиот Mini досега! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mini го претстави новиот Clubman концепт – најголемиот Mini досега!

По претставувањето на регуларното Mini, компанијата започна да ги претставува таканаречените „варијации на тема“ – а прв на списокот е новиот Clubman.

Новиот Clubman ќе има шест врати (една повеќе од досегашниот модел) и ги задржува двојните врати на багажниот простор. Од предната страна, моделот изгледа скоро идентично со обичното мини, но кога ќе го поминете средниот столб работите веќе стануваат различни. Навистина ја цениме желбата на Mini да понуди модел кој истовремено ќе го понуди шармот на брендот кој го очекуваме, но и зголемена доза на практичност и комфор.

Новиот Mini Clubman ќе го има своето деби на автомобилскиот саем во Женева, додека наскоро потоа би требало да се појави и серискиот модел. Моделот кој е 170 милиметри поширок има хоризонтално поставени задни светла (кои изгледаат малку несреќно) за да се потенцира ширината на автомобилот, и е поставен на големи 19-инчни тркала. Ова најверојатно ќе биде наголемиот модел кој Mini досега го има направено – концептот е долг 4223 милиметри, широк 1844 милиметри и висок 1450 милиметри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.