Премиера: Новиот Citroen C1 е подготвен за Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот Citroen C1 е подготвен за Женева!

Само неколку дена по официјалната премиера на Peugeot 108, и Citroen ја претстави својата изведба на малото градско возило, кое повторно ќе се вика C1!

Интересно, исто како и 108, и C1 ќе има своја „кабриолет“ варијанта со платнен преклоплив кров. Оваа изведба ќе го носи името Airscape. Ќе се нудат многу можности за персонализација, а луѓето од Citroen го издвојуваат 7-инчниот мултимедијален уред со екран осетлив на допир, двобојните комбинации на екстериерот како и светлиот ентериер.

citroen-c1-side

Ова е значаен модел за Citroen – до сега се продадени преку 760.000 од неговото лансирање во сега веќе далечната 2005-та година. Како и кај претходникот, и кај новиот C1 ќе се нуди верзии со три и пет врати. Благодарение на ниската тежина од само 840 килограми, Citroen најавува рекордно ниска потрошувачка и емисија на штетни гасови.

citroen-c1-rear

Официјалната премиера е закажана за следната седмица во Женева, кога ќе ги имаме сите информации и околу моторите кои ќе го придвижуваат C1.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.