Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата во Македонија!
Како и секој втор понеделник, така и денес имаме нови цени на горивата. Согласно методологијата за пресметка на цени која ја користи Регулаторната Комисија за Енергетика, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.07%. Изненадувачки, тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за еден денар и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 79 односно 80.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0.5 денари и еден литар ќе се продава по цена од 68.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.