Ultra Diesel Power JET е новото, премиум гориво на Макпетрол кое претставува кристално чист еуродизел со нови, современи и мултифункционални адтиви кој проаѓа низ процес на двојна филтрација.
Системот за двојна филтрација за кој со гордост зборуваше Макпетрол e систем кој веќе се користи за филтрација на авионски горива. Со овој систем се гарантира висока чистина на горивото и се добива зголемен цетански број. Благодарение на адитивите кои се дел од Ultra Diesel Power Jet, се постигнува подобрување на експлоатационите карактеристики на горивото, се зголемува моќноста на моторот, се заштитува моторот и системите за согорување, се намалува потрошувачката и аналогно на тоа се заштитува и животната околина. Истовремено, адитивите нудат и подобра мазивност односно лубрикација на интерните компоненти на моторот, па со тоа се продолжува и самиот животен век на моторот. Адитивите нудат и детергентна функционалност, односно ги чистат внатрешните компоненти на моторот и истовремено нудат и антикорозивна заштита.
Според Инж. Виктор Глигоров, раководителот на секторот за Примена на Нафтени Деривати, Биогорива, Масла, Мазива и рекламации во Макпетрол, со користење на новото Ultra Diesel Power Jet гориво на Макпетрол, потрошувачката на се намалува за околу 4% а емисијата на штетни гасови се намалува за околу 14% за CO2, односно 16% за партикулатите кои се ослободуваат во атмосферата.