Ford го подготвува фејслифтот на Focus за Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford го подготвува фејслифтот на Focus за Женева

Во чекор со конкуренцијата која ги претстави новите модели, Ford одлучи да го затегне и својот најуспешен автомобил – Focus.

Најголемата промена е на предниот дел кој е целосно редизајниран по стапките на помалата Fiesta. Така Focus ја добива препознатливата „Aston Martin“ решетка, а добива и нови предни светлосни групи кои повеќе наликуваат на оние од новото Mondeo кое веќе се продава во САД, а ние го чекаме во Европа.

Задниот дел на автомобилот претрпе помали измени – задните светла сега добиваат нов дизајн, а и задниот браник е делумно изменет.

Ford-Focus-Facelift (7)

Внатрешниот дел исто така ќе добие освежување и ќе изгледа посериозно. Централната конзола е целосно редизајнирана, вметнат е нов, поголем екран чувствителен на допир, а исто така Focus добива и нов волан. Најверојатно Focus сега ќе добие и нов инфотејмент систем, но засега сè уште ги немаме деталите.

Дебито на редизајнираниот Focus ќе го видиме наредниот месец на саемот во Женева кога ќе имаме сите информации во врска со новитетите и освежувањата.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.