Audi денес ги објави првите скици од новата, трета генерација на спортското купе ТТ. Погледнете што имаат да покажат!
Веќе знаеме дека новото TT ќе биде изградено врз MQB платформата и дека ќе се нуди со широка лепеза на бензински и дизел мотори. Секако, повеќе ќе знаеме наскоро, бидејќи новото ТТ ќе ја има својата премиера во Женева.
Audi веќе го најави дизајнот на TT преку Allroad Shooting Brake концептот. Дизајнот ја следи еволуцијата на ТТ и уште на прв поглед се познава дека се работи токму за овој модел. Нам ни останува само да почекаме уште неколку дена до официјалната премиера во Женева.