Подготвен за настап – Новиот Opel Adam Rocks! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Подготвен за настап – Новиот Opel Adam Rocks!

Светската премиера на Opel Adam Rocks е закажана за Женева, но ние веќе ги имаме сите детали за „погрубата“ изведба на градскиот малишан од Риселхајм!

Урбаниот мини-кросовер добива дополнителни заштитни пластични панели, 15-милиметри повисока суспензија и 17 или 18-инчни фелни кои ја комплетираат сликата за новиот сегмент во кој се пробива Opel. Интересен е и преклопливиот платнен кров, благодарение на кој возачите на Adam Rocks ќе можат да уживаат под ведро небо. Како и кај обичниот Adam кој веќе го возевме, и кај оваа верзија купувачите ќе можат да го персонализираат своето возило според сопствениот вкус, а со Adam Rocks ќе се лансира и новиот 1-литарски трицилиндерски турбо бензинец кој ќе испорачува 90 или 115 коњски сили. Секако, остануваат во понудата и досегашните мотори кои се нудат кај Adam.

Новиот мотор испорачува 90 или 115 коњски сили и 166 Nm вртежен момент кои се достапни од само 1800 вртежи во минута. Според прелиминарните тестирања, новиот мотор ќе троши само 4.3 литри бензин на 100 изминати километри. Според нас, ваков мотор навистина му недостасуваше на Adam. Покрај новиот мотор, Adam ќе добие и нова трансмисија – и двете верзии на моторот ќе се нудат со нов, компактен, 6-степен мануелен менувач – а примарното внимание при развивањето на овој менувач било намалеување на потрошувачката и чувство на прецизно менување.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.