Citroen ја претстави својата интерпретација на C5 кросовер, олицетворен во моделот C5 CrossTourer.
„Теренската“ изведба на Citroen C5 ќе ја носи ознаката CrossTourer и ќе може да се добие со сите мотори кои се веќе достапни кај овој модел. Интересно е што при повисоки брзини автомобилот се приближува подлогата за да се намали отпорот на возудхот и со тоа да се добијат подобри перформанси но и да се зголеми економичноста. Купувачите ќе добијат и седишта со вградени масажери како дополнително зголемување на комфорот.
CrossTourer е 15 милиметри повисоко од подлогата (при брзини до 70 километри на час) во однос на обичниот C5 караван. Секако, може да се нарача и Hydractive III хидрауличната суспензија на Citroen, за оние кои навистина сакаат да возат во максимален комфор. Ќе се нудат две нивоа на опрема – Millenium и Executive, а ќе го придвижуваат дизел мотори со моќност од 115 до 200 коњски сили. Продажбата е веќе започната, а ќе чини 31.950 евра.