Peugeot го претстави новиот 108, за прв пат ќе се нуди и како кабриолет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го претстави новиот 108, за прв пат ќе се нуди и како кабриолет!

Новиот градски малишан на Peugeot за прв пат ќе се нуди со подвижен платнен кров, но ќе биде и меѓу најлесните автомобили во класата со тежина од само 840 килограми!

Peugeot 108 ќе се нуди како модел со три или пет врати, но за прв пат ќе се нуди и со преклоплив платнен кров и ќе ја носи ознаката 108 TOP. Забележливи се и деталите преземени од поголемиот брат – Peugeot 308 – кои не само што го прават 108 да изгледа модерно, туку и навистина рафинирано и поскапо. Со должина од 3.47 метри и широчина од 1.62 метри, 108 е цврсто во сегментот на мали градски возила.

За почеток се спомнуваат два бензински три-цилиндерски мотори. 1.0 е-VTi со 68 коњски сили и 1.2 PureTech VTi со 82 коњски сили. Со послабиот мотор ќе може да се искомбинира и старт-стоп систем, како и автоматски менувач. Ќе може да се добијат 14 или 15-инчни фелни, во зависност од нивото на опрема. Сите верзии ќе имаат систем за помош при тргнување на нагорнини, систем за контрола на притисок во гумите, ABS, ESP и уште неколку безбедносни системи.

peugeot-108-rear

Според официјалните податоци, во внатрешноста (од која сè уште немаме фотографии) ќе се најде и многу опрема – возачко седиште кое ќе се нагодува по висина, автоматски клима уред и 7-инчен мултимедијален уред осетлив на допир, шест воздушни перници, серво-управувач, како и контролер за платнениот кров.

Премиерата е закажана за Женева, а продажбата ќе започне на 1ви Јули.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.