Утринска Гимнастика: Шест класични модели на Opel – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Шест класични модели на Opel

Германскиот производител од Руселхајм може да се пофали како еден од ретките брендови чии класични модели сеуште се среќаваат по улиците и неретко нивните сопственици трошат сериозни материјални средства за дополнително дотерување.

Таква е и приказната со овие шест автомобили од Полска, чии господари ги имаат дискретно но доволно модифицирано за да го добијат тој чист и одличен изглед. Во видеото се вклучени сочувани примероци од првата генерација на Corsa, Manta, Rekord и три модели Kadett. Нивните измени се однесуваат на пониска суспензија, нови алуминиумски фелни и посилна погонска единица.

Веруваме дека ова видео ќе им ги исполни срцата на фановите на Opel, а исто така и на љубителите на олдтајмери. Доколку не разбирате Полски, достапен е и превод на Англиски јазик.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.