Nissan претстави 1.5-литарски турбо-бензински мотор со 400 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan претстави 1.5-литарски турбо-бензински мотор со 400 коњски сили

Јапонскиот бренд го претстави својот 1.5-литарски три-цилиндарски бензински агрегат со турбополнач кој ќе се користи кај тркачкиот автомобил ZEOD RC.

Моторот со ознака “DIG-T R” испорачува импресивни 400 кс и максимален вртежен момент од 380 Nm, до максималните 7,500 вртежи во минута. Неговата тежина изнесува само 40 килограми, а според Nissan нуди повеќе сила по килограм од мотор на болид од Formula 1. Покрај тоа што е многу лесен, агрегатот е исто така компактен во димензии, со должина од 400mm, ширина од 200mm и височина од 500mm.

DIG-T R ќе работи во комбинација со засега непознат електричен погон, со кој ќе биде поврзан преку пет-степена трансмисија. Електричниот погон ќе го придвижува ZEOD во првиот круг, а потоа во остатокот од целиот маратон ќе вози малиот турбо-бензинец.

Во наредниве неколку месеци Nissan ќе го тестира ZEOD RC за да биде целосно подготвен на предизвиците во 24 часа Ле Ман.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.