Martin Winterkorn, претседателот на Volkswagen групацијата потврди – некои од моделите на луксузниот Британски бренд ќе добијат дизел мотор!
Според Британскиот Autocar, изјавата доаѓа директно од Martin Winterkorn кој е цитиран дека изјавил дека „Дизел за Bentley е веќе одлучен. Нема да биде V10, но V10 моторот ќе добие свој наследник и не е мртов во рамките на групацијата.“
Сега ни останува да шпекулираме кој дизел мотор на Volkswagen групацијата ќе го најде својот пат кон Bentley. Претпоставуваме дека ќе биде еден од големите 4.2 или 6-литарски мотори од Audi. 4.2 литарскиот V8 се вградува во и А8 и испорачува 385 коњски сили. Другата опција е монструозниот 6-литарски V12 TDI кој го знаеме од Audi Q7 V12 TDI и кој ни остави импресии кои нема набргу да ги заборавиме – 500 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент одлично му прилегаат на едно Bentley!
Многумина најверојатно ќе реагираат осудувачки кон оваа вест, но ние сметаме дека голем турбодизел сосема му прилега на карактерот на Bentley. Мирна работа, многу моќ и многу, многу вртежен момент – типично за едно Bentley!