Infiniti Red Bull Racing го претстави својот болид за 2014-тата година, кој ќе ја нози ознаката RB10 и ќе се бори за повторно освојување на шампионската титула!
RBR оваа година за соработник ќе го има 1.6-литарскиот V6 турбо мотор изработен од Renault кој испорачува околу 750 коњски сили и соработува со Energy Recovery систем. Sebastian Vettel и Daniel Ricciardo го пробаа RB10 на првото тестирање во Jerez, a Vettel ќе се бори за својата петта последувателна титула во Formula 1 како возач, додека неговиот тим ќе се бори за истата работа меѓу конструкторите. Ricciardo е замена за Mark Webber и доаѓа од тимот Toro Rosso.
Првата трка оваа сезона ќе се вози на средината на Март, во Австралија, а подолу можете да погледнете интервјуа со Sebastian Vettel и Daniel Ricciardo, како и главниот инженер на тимот – Adrian Newey.