Бензините и дизелот поскапуваат половина денар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Бензините и дизелот поскапуваат половина денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата, кои се зголемуваат за половина денар!

Согласно нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.93 проценти. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 0.50 денари и ќе се продаваат по цена од 78.00, 79.50 односно 69.00 денари за еден литар гориво.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.