Volkswagen подготвува Golf R Evo со 370 коњски сили? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen подготвува Golf R Evo со 370 коњски сили?

Почнуваат да се шират гласини дека Volkswagen подготвува специјална верзија на Golf R кој ќе има 370 коњски сили!

Веќе неколку дена кружат гласини дека Германскиот производител подготвува концепт на уште помоќен знаменосец на Golf фамилијата кој ќе го има своето деби на автомобилскиот саем во Пекинг. Се претпоставува дека автомобилот ќе се вика Golf R Evo и дека ќе го носи истиот 2-литарски турбо-бензинец од Golf R, но во овој случај навиен на 370 коњски сили и 450 Nm вртежен момент – 70 коњски сили и 70 Nm повеќе од обичниот Golf R.

Она што е навистина интересно е шпекулацијата дека Golf R Evo ќе биде обвиен со карбонски влакна, но и тркачки ентериер, и заради тоа ќе биде и значително полесен. Ако одзивот биде позитивен, можеби ќе добие и лимитирано сериско производство. Можеби Golf R Evo ќе влече инспирација и од Volkswagen Vision GTI концептот кој го видовме во живо на минатогодишниот Worthersee.

polo-r-wrc

Интересно, истовремено се шпекулира и нова изведба на Polo, која би се викала едноставно Polo R и би била позиционирана над Polo R WRC Street. Овој прототип би имал 2-литарски турбо бензинец кој ќе испорачува 250 коњски сили, а благодарение на погонот на сите четири тркала би забрзувал до 100 километри на час за помалку од 6 секунди



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.