Jaguar најави Dynamic R и Signature серии на XK! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar најави Dynamic R и Signature серии на XK!

Oние кои сакаат малку повеќе од својот Jaguar XK, можат да ги нарaчаат овие специјални изведби како во форма на купе, така и на кабриолет.

Изграден врз основа на веќе-постоечкиот Jaguar XKR, моделот XK Dynamic R го носи истиот 510-коњски, 5-литарски компресорски V8 мотор и е наменет за оние на кои перформансите им се најважни. На овој модел дополнителни се Black Dynamic пакетот кој носи суспензија од XKR-S, суспензија која е 10 милиметри пониска, како и аеродинамички додатоци, спортски издувен систем, активна контрола на диференцијалот и додатоци во ентериерот. Сто километри на час пристигаат за 4.6 секунди, а максималната брзина е 280 километри на час.

jaguar-xk-signature

XK Signature исто така носи 5-литарски V8, но без компресор. Овој мотор нуди 385 коњски сили, но со Signature верзијата ќе дојдат и 20-инчни тркала, паркинг камера, механички диференцијал, и 6-степен автоматски менувач од ZF кој исто така ќе се нуди и кај XK Dynamic R. Она што е поинтересно кај XK Signature е внатрешноста, каде луксузните седишта и целосно претапацираниот ентериер го постигнуваат посакуваниот ефект, заедно со деталите од дрво и спортските педали. XK Signature Coupe постигнува 100 километри на час за 5.2 секунди, додека на кабриолетот му се потребни 5.3 секунди. Обете верзии се електронски ограничени на 250 километри на час.

Првите испораки се планираат за Март. XK Dynamic R ќе чини 69.950 фунти, додека XK Signature ќе чини 54.950 фунти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.