Lamborghini Urus доаѓа во 2017! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini Urus доаѓа во 2017!

Претседателот на Lamborghini – Stephan Winkelmann – рече дека очекува новиот SUV на компанијата да биде лансиран во 2017!

Минатиот Мај од Lamborghini изјавија дека го планираат Urus за 2017-тата година, а сега претседателот на компанијата повторно го изјави истото кажувајќи дека очекува дека пазарот за луксузни SUV возила ќе расте.

Наследникот на  Lamborghini LM002 најверојатно ќе биде поставен на истата MLB платформа на која ќе бидат поставени и следните генерации на Volkswagen Touareg, Audi Q7 и Porsche Cayenne, но и новиот SUV на Британскиот Bentley. Сè уште нема информации што би го придвижувало Urus, но се шпекулира на V8 со два турбополначи и Plug-In хибридна верзија. Winkelmann во претходна прилика веќе напомена дека Urus би имал две опции за моторизација, но не дискутираше повеќе на таа тема.

Прогнозите на Lamborghini се дека би успеале да продадат околу 3000 примероци од Urus годишно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.