Јапонскиот бренд објави дека планира да произведе сериска изведба од нивните IDx концепти.
Според Nissan, еден од овие два концепти сигурно ќе излезе на пазарот, но сосема е можно тоа да се случи и со двата. Тие не открија кој од нив два доби зелено светло, но потврдија дека ќе биде позициониран под моделот 370Z во цена, големина и класа.
Кога концептите беа претставени, Јапонскиот бренд објави дека сериската изведба од IDx Freeflow би можелa да користи бензински агрегат со зафатнина од 1.2 до 1.5-литри, кој ќе биде поврзан со континуирано варијабилна трансмисија. Концептот IDx NISMO е планиран да добие 1.6-литарски турбо-бензински агрегат, како и шест-степен спортски CVT менувач со мануелен режим на менување и синхронизирана контрола на вртежите.