Ford Fiesta RS е сè уште во план! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Fiesta RS е сè уште во план!

Иако одамна згаснаа гласините за уште посилната изведба од Fiesta ST, сега тие повторно се активираа и спомнуваат бројка од околу 230 кс.

Според најновите шпекулации, RS изведбата од Fiesta е во процес на развој заедно со новата генерација на Focus RS, а ќе се одликува со агресивен боди кит со проширени странични крила. Може да се очекуваат и бројни надградби на перформансите вклучувајќи спортски прилагодена суспензија, посилни сопирачки и диференцијал со ограничено пролизгување.

Се претпоставува дека дополнителните 50 кс ќе бидат „исцедени“ од истиот 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо бензинец кој во ST верзијата произведува 180 кс. Доколку се тече според плановите, претстојната Fiesta RS ќе се појави во 2015 година со цена од околу 28.000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.