2014 SRT Viper е збогатен со повеќе опции – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2014 SRT Viper е збогатен со повеќе опции

SRT ја претстави новата Stryker зелена боја и Gran Touring пакетот со кои ќе го нуди Viper од годинава, на автомобилскиот саем во Детроит.

Stryker зелената боја е еволуција од иконската Snakeskin зелена боја на каросеријата која се појави во 2008-мата година кај претходната генерација. Бојата се одликува со засилени зелени и жолти пигменти, како и ефект на течна жива.

SRT-Viper-Stryker-Green-2014-14

Grand Touring пакетот додава сериски Nappa кожни седишта, електронска контрола за стабилноста со пет режини на работа и Bilstein DampTronic Select суспензија. Овие опции претходно беа достапни само кај GTS верзијата, но сега може да се добијат и со стандардната. Gran Touring пакетот ќе биде достапен само со Stryker зелената или Venom црната поја.

Автомобилот изложен на саемот е опремен и со специјален Mopar бодикит. Тој опфаќа карбонски заден спојлер и преден сплитер.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.