Официјално – Новиот Subaru WRX STI! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално – Новиот Subaru WRX STI!

По долгото најавување и протечените фотографии, конечно ги имаме деталите за новиот WRX STI на Subaru!

Легендата се враќа, повторно! Да преминеме на главното – 2.5 литарски боксер мотор со турбополнач кој преку шест-степен мануелен менувач кон сите четири тркала испорачува 305 коњски сили при 6000 вртежи во минута и 395 Nm вртежен момент при 4000 вртежи во минута.

Што значи тоа? Одговорот е дека – не знаеме. Челниците на Subaru сеуште не ги објавуваат точните податоци околу перформансите, но очекуваме тие да бидат повеќе од конкурентни, а управливоста да меѓу најдобрите во класата. Секако, за тоа се задолжени симетричниот погон на сите четири тркала на Subaru (S-AWD) како и централниот диференцијал кој може да биде контролиран од возачот (DCCD). Новитет е системот кој Subaru го нарекува Active Torque Vectoring кој при возење во свиоци може да „подзакочи“ предното внатрешно тркало за поефикасно влегување во свиоци при поголеми брзини.

Исто така, ќе се нуди и Subaru Intelligent Drive (SI-Drive) системот кој му дозволува на возачот да избере меѓу три различни режими на работа на автомобилот – Intelligent, Sport и Sport Sharp. Во зависност од избраниот режим автомобилот ќе измени некои параметри, меѓу кои и системот за контрола на гаста.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.