Горивата поевтинуваат – бензинот поевтинува за денар, дизелот за денар и половина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Горивата поевтинуваат – бензинот поевтинува за денар, дизелот за денар и половина!

Во првата рекалкулација на цените на горивата за 2014, Регулаторната Комисија за Енергетика ги намали цените на горивата.

Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.77%. Од вечерва на полноќ, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поевтинуваат за 1 денари и ќе се продаваат по цена од 77.50 односно 79 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.50 денари и еден литар ќе се продава по цена од 68.50 денари.

Како што напоменавме, цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.