Lancia ќе се продава само во Италија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lancia ќе се продава само во Италија!

Претседателот на Fiat – Sergio Marchionne – изјави дека Lancia наскоро ќе биде бренд со само еден модел, и ќе се продава само на домашниот пазар!

Оваа објава ја става целата иднина на Lancia во неизвесност – тој јасно и гласно кажа дека Lancia ќе стане бренд наменет само за Италијанскиот пазар. Тој најави дека моменталната понуда од ребрендирани модели на Chrysler ќе биде целосно прекината и ќе се нуди само моделот Ypsilon. Тој не даде никаква најава за тоа што ќе се случи со брендот кога ќе заврши животниот циклус на моменталната Lancia Ypsilon.

Истовремено, Sergio Marchionne најави дека по целосното купување на Chrysler, компанијата ќе добие ново име. Името сега за сега останува тајност, како и седиштето на новата компанија. Sergio Marchionne исто така најави дека промоцијата на нови модели на Alfa Romeo ќе започне во Април, и дека новите модели ќе го сменат имиџот на брендот и ќе донесат апсолутна екселенција.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.