Ferrari F12 е најсилниот сериски модел во гамата на Италијанскиот производител на спортски автомобили, а неговата брзина е застрашувачка дури и за некои од најпознатите автоновинари.
Сепак, секогаш има некој со поголеми желби и побарувања. За таквите тука се инженерите од тјунерската компанија Novitec, кои понудија цел пакет на надградби за овој модел. За да го претворат автомобилот во уште поголем произведувач на адреналин, со помош на репрограмирање на комјутерската единица и нов издувен систем, тие ја покачиле силата од стандардните 700 на 770 кс.
За оние кои што сакаат да бидат повпечатливи и повеќе да се истакнат, тука е нов бодикит со пошироки странични крила, исполнети со тркала во големина од 21-инч на предната и 22-инчи на задната оска. Вклучени се и нов преден спојлер, поинаков поклопец на моторот и заден спојлер – сите направени од јаглеродни влакна со цел да не додадат многу тежина.