Кинескиот Qoros 3 е најбезбедното возило за 2013-та година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кинескиот Qoros 3 е најбезбедното возило за 2013-та година!

Европското тело кое ја тестира безбедноста на возилата  – EuroNCAP – ги објави најбезбедните возила за изминатата година, а неочекувано прв на листата се најде кинескиот Qoros 3!

Покрај тоа што Qoros 3 e единствениот кинески автомобил кој освоил 5 ѕвездички на EuroNCAP, истиот автомобил изненади со своите импресивни резултати на полето на безбедноста и не само што е прогласен за најбезбеден автомобил во својата класа, туку е и најбезбеден автомобил тестиран на EuroNCAP минатата година!

Признанија за безбедност во своите категории добија и Lexus IS300h (Големо Фамилијарно Возило), Renault Zoe (Супермини), Kia Carens и Ford Tourneo Connect (повеќенаменски возила), Jeep Cherokee (мало теренско возило) и Maserati Ghibli (премиум). Овие автомобили беа истакнати како најбезбедни во своите соодветни категории.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.