Subaru WRX STI го покажа неговото лице – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru WRX STI го покажа неговото лице

Како што веќе објавивме, Subaru ќе го претстави новиот WRX STI на автомобилскиот саем во Детроит наредната недела, но неговите официјални фотографии веќе излегоа на виделина.

Новиот STI е уште поспортска изведба од Subaru WRX, а се разликува од него само преку големиот заден спојлер, новите алуминиумски фелни и неколкуте STI ознаки. Останатиот дел од автомобилот изгледа идентично. Тука е и традиционалната комбинација од World Rally сина боја со златни тркала, која му го дава оној препознатлив изглед на моделот.

subaru-wrx-sti-rear

Иако нема информации за погонската единица, се очекува под поклопецот на STI да се најде малку поголем, 2.5-литарски четири-цилиндарски бензински боксер агрегат со турбополнач кој ќе произведува околу 300 кс и 400 Nm. За потсетување, WRX моделот е погонуван од 2.0-литарски боксер турбо бензинец со 268 кс и 349 Nm вртежен момент.

Повеќе информации и официјални детали ќе дознаеме наредната седмица.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.