Скоро ненајавено, Seat го претстави новиот Leon Cupra кој благодарение на својот 2-литарски турбо-бензинец може да се пофали со 280 коњски сили и 350 Nm!
Да започнеме веднаш со најважното – новата Cupra на своите сопственици ќе им нуди 280 коњски сили и 350 Nm, извлечени од 2-литарскиот TFSI бензинец на Volkswagen групацијата. Забрзувањето до 100 километри на час ќе трае само 5.7 секунди со DSG, односно 5.8 секунди со мануелен менувач. Максималната брзина е 250 километри на час, секако електронски ограничена.
Според Seat, Leon Cupra опремен со DSG менувач ќе троши само 6.4 литри гориво (кај верзијата со 3 врати, кај верзијата со 5 врати потрошувачката изнесува 6.6 литри) на 100 километри, а емисијата на штетни гасови изнесува 149 односно 154 грама CO2 на изминат километар.
Leon Cupra ќе се издвојува од другите изведби на Leon преку малку изменетиот бодикит, но и големите 19-инчни фелни со титаниумска боја. Во внатрешноста доминираат спортските седишта покриени со алкантара или кожа, како и многуте детали во внатрешноста но и надворешноста офарбани во сјајна црна боја. Секако, стандардни се предните и задни LED светла (ниеден Leon не би требало да ги нема), како и 5.8-инчниот мултимедијален уред.
Новиот Leon Cupra наскоро ќе се најде во салоните. Ние со нетрпение очекуваме да го видиме!