Audi ќе го претстави Sport quattro Laserlight Concept на CES – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi ќе го претстави Sport quattro Laserlight Concept на CES

Consumer Electronic Expo (CES) е местото каде редовно се прикажува најновата технологија во светот, а Audi го одбра токму CES за Sport quattro Laserlight!

Sport Quattro Laserlight е чекор поблиску до сериската верзија на Sport Quattro концептот кој веќе добро го познаваме. Она што е ново се Matrix LED предните светла со технологија на ласерско осветлување. Според Audi – „два ниско-профилни трапезоидни елементи се видливи во предните фарови – надворешниот дел го произведува краткото светло благодарение на Matrix LED технологијата, додека внатрешниот дел се користи за долгото светло.“

Дополнително, од Audi најавуваат дека долгите светла ја имаат истата  моќ на осветлување како LED долгите светла, и ќе осветлуваат 500 метри пред автомобилот.

Она што веќе добро го знаеме е погонот кој го придвижува Audi Sport Quattro – 4-литарскиот V8 и електромоторот произведуваат вкупно 700 коњски сили и 800 Nm вртежен момент – доволно за Sport Quattro да забрза до 100 километри на час за 3.7 секунди и да продолжи да забрзува сè до 305 километри на час. Благодарение на хибридниот погон, Sport Quattro троши само 2.5 литри гориво на 100 изминати километри, и може да помине до 50 километри само на електрична енергија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.