Моделите на Peugeot добија 3D каталог во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Моделите на Peugeot добија 3D каталог во Македонија!

Тимот на Peugeot во Македонија, пред Нова Година го презентираше својот најнов проект - 3Dкаталог за Peugeot моделите кој е првиот 3D каталог во автомобилската индустрија во нашата земја!

„Одлучивме Peugeot моделите да ги презентираме на еден специфичен и пореален начин. Водени од потписот на Peugeot брендот кој гласи Motion & Emotion (движење и емоција), преку 3D каталогот, перцепцијата и емоциите го носат читателот поблиску до реалноста.“ – изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во Еуроимпекс.

Ние ќе додадеме дека ова е одличен начин да се промовираат моделите на Peugeot, особено новиот Peugeot 308 кој ние го очекуваме на тест во блиската иднина. На потенцијалните купувачи, но и на сите заинтересирани им препорачуваме да поминат до салонот на Peugeot каде ќе можат и самите да го видат овој интересен 3D каталог. Каталогот е целосно изработен во Еуроимпекс од страна на Ирена Зазоска, која истовремено е одговорна за сите интернет-портали на компанијата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.