Mini го прикажа претстојниот John Cooper Works – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mini го прикажа претстојниот John Cooper Works

Британскиот бренд го прикажа концептот за JCW изведбата од новата генерација на Mini Cooper, пред да биде официјално изложен на автомобилскиот саем во Детроит.

Концептот прикажан на фотографиите се одликува со поагресивен бодикит и е обоен во светло сива боја, со црвени детали и вози на 18-инчни алуминиумски фелни. На предниот дел се забележуваат поголеми отвори за воздух, како и црна рамка на решетката, а тука се и нови странични прагови и редизајниран заден браник со интегриран дифузер.

Нема објавено информации за погонската единица, но претпоставуваме дека под поклопецот ќе работи 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензинец кој ќе развива повеќе од 215-те кс на изведбата JCW GP. Како што е случај со концептите од групацијата BMW, очекуваме серискиот модел да изгледа идентично со овој концепт.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.