Пред неколку дена импортерот за Opel – Олимпија Моторс – на Македонските купувачи им ги претстави новата Opel Cascada, како и освежената Opel Insignia.
Во пријатна и топла атмосфера Олимпиа Моторс ги претстави овие два модели како што заслужуваат. Opel Insignia е веќе добро позната на Македонските купувачи, но беше навистина интересно да се види и новата Cascada – модел со кој Opel ќе се обиде да се искачи малку погоре на скалилата, но и да привлече нови купувачи.
„Оваа година Олимпиа Моторс се потруди да направи една манифестација во вид на одбројување, почнувајќи од бројот 5. Сакавме да споделиме 5 искуства на клиенти кои поседуваат Opel возила, потоа 4 случки раскажани од вработените, 3-ката припадна на 3-те плакети кои Олимпиа Моторс ги додели на тројца клиенти, 2-ката на најновите Opel модели и манифестацијата се заокружи со коктел за присутните“, изјави Светлана Пљакоска, управителката на Олимпиа Моторс.