Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата кои воглавно остануваат непроменети од досегашните.
Според методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.24%. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продават по исти цени како и досегашните – 78 односно 70 денари за еден литар гориво. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за половина денар и сега еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 79.50 денари.
Старо/новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.