Ferrari CascoRosso – Ново дело на дизајнерот Дејан Христов – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari CascoRosso – Ново дело на дизајнерот Дејан Христов

Според Дејан, CascoRosso влече инспирација од легендарниот Ferrari 250 GTO и е своевидна модерна интерпретација на овој класик по повод 50-годишнината од овој модел!

Ferrari CascoRosso би требало да биде наследник на F12 Berlinetta и истовремено да му оддаде почит на 250 GTO. Моторот е поставен напред, а во задниот дел се батериите за хибридниот систем, со што би се постигнала идеална дистрибуција на тежината. Наместо странични ретровизори, моделот има камери на двете страни, а предните светла се покриени додека не се во употреба, туку се откриваат кога ќе бидат вклучени.

ferrari-cascorosso-top

Истовремено, вратите се предвидени да се отвораат на начин на кој нема да биде потребно многу простор, а со вратите се отвора и дел од каросеријата на автомобилот со што се олеснува пристапот. Нам ни изгледа одлично, и со нетрпение очекуваме уште дизајни од Дејан. Ова не е прв пат да пишуваме за дело на Дејан – сигурно се сеќавате на BMW Rapp Concept од пред неколку месеци.

ferrari-cascorosso-rear

Повеќе од Дејан можете да видите на неговиот Behance профил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.