Nürburgring Nordschleife е најтешката тркачка патека на светот – преопасна дури и за Formula 1. McLaren реши да го предизвика Porsche 918 и неговиот рекорд од 6 минути и 57 секунди..
Веќе ви го покажавме рекордот кој го постави Porsche 918 – знаеме дека високо-технолошкиот хибрид на Porsche го извозе легендарниот „Зелен Пекол“ за 6 минути и 57 секунди. Сега и McLaren објави свое видео од Nürburgring и најави дека успеале да ја поминат патеката за „помалку од 7 минути“, но не го објавуваат точното време. Дали тоа значи дека Porsche 918 е непобедлив?
Колку да ве потсетиме – McLaren P1 е хибриден хипер-автомобил кој располага со вкупна системска моќност од 916 коњски сили и 980 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час трае 2.8 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 350 километри на час.