По повод 25-годишнината на моделот Legacy, Subaru претстави нов истоимен концепт на автомобилскиот саем во Лос Анџелес.
Дизајниран да го прикаже изгледот на наредната генерација, Legacy Concept се одликува со агресивен дизајн на четири-вратно купе во сребрена металик боја. Највпечатливи се изразената предна решетка, предните “hawk eye” светла и 21-инчните алуминиумски фелни. Спортскиот дизајн продолжува и на задниот дел, каде се забележуваат задни светла во С-форма и стилизиран браник со интегрирани странични издувни цевки и дифузер.
Автомобилот изгледа навистина интересно и потсетува на поголем брат на претходно претставениот Subaru WRX Concept. Сепак агресивниот изглед најверојатно ќе биде многу “припитомен” кај серискиот модел, според досегашното искуство со концептите на Subaru.