Регулаторната Комисија за Енергетика пред неколку моменти ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензинот и дизелот поскапуваат!
Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата. Според нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат за 2.54 проценти. Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1.50 денари и еден литар ќе се продава по цена од 78.00, 80.00 односно 70.00 денари.
Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.