Ѕвездата на филмската франшиза “The Fast and the Furious” загина на 40 годишна возраст откако со автомобил се судри во дрво.
Трагичната сообраќајна несреќа се случила изминатото утро во Санта Кларита – надвор од Лос Анџелес. Пол Вокер бил совозач кога автомобилот Porsche Carrera GT возен од неговиот пријател загубил контрола и удрил во дрво. Автомобилот се вивнал во пламен и експлодирал, по што бил целосно уништен, а двајцата ги загубиле своите животи.
Вокер, кој се појави во 32 филмови во текот на неговата 27-годишна кариера, е најпознат за глумата во филмската франшиза “The Fast and The Furious” како карактерот Брајан О’Конор. Тој беше огромен љубител на автомобилите и вистински возачки ентузијаст. Посакуваме ова да беше само злобна шпекулација, но за жал не е така. Оваа вест веќе беше потврдена на неговата официјална фејсбук страна и од бројни светски интернет портали.