Subaru претстави концепт за нов караван, кој треба да ја пополни празнината помеѓу Impreza и Legacy, на автомобилскиот саем во Токио.
Иако е назначен како концепт, моделот изгледа како подготвен за сериско производство. Неговото необично име претставува комбинација од зборовите ‘Legacy’, ‘Revolution’ и ‘Touring’. Тој се протега во должина од 4,690mm, ширина од 1,780mm и 1,485mm, додека неговото меѓуоскино растојание изнесува 2,650mm.
Кога ќе излезе во продажба, Levorg ќе се нуди во избор од два турбо-бензински четири-цилиндарски боксер агрегати. Првиот ќе биде 1.6-литарски со 170 кс и 250 Nm, додека вториот ќе биде 2.0-литарски агрегат кој испорачува 300 кс и 400 Nm максимален вртежен момент.
Помалиот 1.6-литарски агрегат ќе биде усогласен со CVT Lineatronic трансмисија и ќе може да помине 100 километри со 5.9 литри. 2.0-литарскиот мотор ќе биде поврзан со CVT Sport Lineatronic менувач и во оваа комбинација ќе има просечна потрошувачка од 7.6 литри на 100 километри. Двете варијанти ќе бидат стандардно опремени со симетричен погон на сите четири тркала.
Subaru Levorg ќе биде лансиран на Европскиот и Јапонскиот пазар на пролет наредната година.