Концептите Mitsubishi AR, GC и XR претставени во Токио – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Концептите Mitsubishi AR, GC и XR претставени во Токио

Јапонскиот бренд ги изложи трите претходно најавени концепти, кои ја најавуваат новата дизајнерска насока на Mitsubishi, на автомобилскиот саем во Токио.

Првиот, зелениот AR (Active Runabout) концепт, е визија на Mitsubishi за модерен компактен моноволумен кој ги комбинира способностите на кросовер со практичноста на моноволумен. Под поклопецот се наоѓа 1.1-литарски три-цилиндарски турбо-бензински агрегат со директно вбризгување и сила од 134 кс, кој работи заедно со електричен мотор од 10 киловати и батерија со голем капацитет.

Црвениот концепт, наречен XR (Cross Runner), претставува компактен кросовер од наредната генерација, со спортско управување. Тој исто така користи хибриден погон како AR, со истиот бензински агрегат, но со посилен електричен мотор од 120 киловати. Во целосно електричен режим на возење, моделот може да помине 84 километри, додека во комбиниран режим постигнува просечна потрошувачка на гориво од 3.5 литри на 100 километри.

Најголемиот од трите, сребрениот GC (Grand Cruiser) концепт е визија за голем кросовер со постојан погон на сите четири тркала. Тој е придвижуван од хибриден погон, кој вклучува 3.0-литарски V6 бензински агрегат, кој со помош на компресор испорачува 335 кс, во комбинација со електричен мотор од 94 кс и осум-степен автоматски менувач. Резултатот од овој распоред е просечна потрошувачка од 6.7 литри на 100 километри и опсег на возење во целосно електричен режим од над 40 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.