Ken Okuyama Design Kode 9 дебитираше во Токио – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ken Okuyama Design Kode 9 дебитираше во Токио

Компанијата на поранешниот дизајнер на Pininfarina, Кен Окујама, претстави супер лесен купе модел на саемот за автомобили во Токио.

Автомобилот наречен Kode9 претставува Јапонски oдговор на Lotus Elise. Тој е поточно дел тркачки, дел спортски модел со едноставни и класични, но атрактивни пропорции. Неговиот дизајн плени со италијанска елеганција и спортски став, токму како моделите излезени од Pininfarina.

Kode9 се протега во должина од 4140mm и е изграден врз хидро-алуминиумска шасија, благодарение на која тежи само 890 килограми. Неговата сила извира од 2.0-литарски агрегат направен од неназначен Јапонски автомобилски производител, засилен со HKS компресор на 320 кс. Нема информации за неговата цена и пазарите на кои ќе се продава.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.