Премиера: Nissan IDx Freeflow и IDx NISMO – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Nissan IDx Freeflow и IDx NISMO

Nissan во Токио претстави два нови концепти со заден погон инспирирани од класичниот автомобил Datsun Bluebird 1600 SSS Coupe.

Првиот IDx Freeflow е компактен автомобил кој мери околу 4.1 метри во должина, 1.7 метри во ширина и 1.3 метри во височина. Тој се одликува со „лебдечки“ покрив и вози на 19-инчни хромирани алуминиумски фелни, додека во неговата кабина доминираат бела и светло-кафена боја, во комбинација со темно сини седишта. Под поклопецот е замислено да се најдат неколку бензински агрегати со зафатнина од 1.2 до 1.5 литри, кои ќе бидат усогласени со CVT трансмисија.

Nissan-IDx-Nismo-2[2]

Вториот, IDx Nismo, располага со истата должина и височина како Freeflow, но неговата ширина е зголемена на 1.8 метри. Тој вози на 19-инчни алуминиумски фелни обвиени во 225/40 пневматици и се одликува со спортски боди кит, пошироки крила, странични издувни цевки и тркачки инспириран ентериер со многу метални површини. Овој модел би бил погонуван од 1.6-литарски турбо-бензински агрегат во комбинација со шест-степен CVT менувач со мануален режим.

Двата концепти се направени само за покажување и нема да добијат директна сериска изведба. Сепак, со IDx дуото Nissan можеби наговестува иден конкурент со заден погон на Toyota GT86 / Subaru BRZ.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.