Јавно претставен Mercedes-Benz AMG Vision Gran Turismo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Јавно претставен Mercedes-Benz AMG Vision Gran Turismo

Mercedes-Benz го изложи извонредниот AMG Vision концепт во реална големина на автомобилскиот саем во Лос Анџелес.

Автомобилот е замислен со целосно алуминиумска каросерија, благодарение на која ќе има релативно ниска тежина од 1,384 килограми, а ќе биде придвижуван од централно-напред поставен твин-турбо V8 бензински агрегат кој испорачува 585 кс и 800 Nm вртежен момент. Како инспирација за неговиот изглед се земени неколку дизајнерски елементи од класичните модели како W196 и 300 SL. Најизразен таков елемент е големата предна решетка која ја сочинуваат 80 LED светла.

Покрај тоа што изложениот модел изгледа како целосен автомобил, под површината тој е целосно празен.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.