Изложен концептот Subaru Cross Sport Design – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Изложен концептот Subaru Cross Sport Design

Subaru претстави дизајнерска визија за спортски кросовер на автомобилскиот саем во Токио.

Јапонскиот бренд го дефинира концептот како комбинација од спортски и корисен, а тоа го изразува и неговиот изглед на теренска Shooting Brake изведба на BRZ, во повисока позиција. Моделот се протега во должина од 4300 mm и тежи само 1250 килограми, а се одликува со нови светлосни групи со LED технологија, двоен издувен систем и поголеми тркала. Тој ја прикажува замислата на Subaru за идната насока на урбаните кросовери.

Не се откриени многу детали, но се очекува под поклопецот да се најде истиот 2.0-литарски боксер агргат кој развива 200 кс и 205 Nm, и ја испраќа силата преку CVT трансмисија кон задните тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.