Четвртата генерација на Mercedes-Benz C-класата е уловена без никаква камуфлажа во текот на официјална фотосесија во САД.
Како и што се очекуваше, моделот W205 наликува на намалена S-класа, но исто така се препознаваат и неколку елементи од обновената Е-класа. Ставот и формата на автомобилот се поспортски и го прават да изгледа како многу покомпактна целина. Моделот уловен на фотографиите е оремен со AMG бодикит, и наговестува како би можел да изгледа претстојниот C63 AMG.
Пред неколку недели ги објавивме фотографиите од ентериерот што значи дека сега ни е познат целиот изглед на автомобилот. Сепак, се очекува официјалните детали да бидат објавени во текот на Интернационалниот Автомобилски Саем во Северна Америка во Јануари 2014.