Регулаторната комисија објави дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ остануваат исти. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.5 денари.
Организацијата која ги регулира цените на горивата во Македонија – Регулаторната Комисија за Енергетика – ги објави новите цени на горивата кои оваа седмица немаат големи промени. Малопродажните цени се зголемуваат за 0.09 проценти и тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ остануваат со иста цена, односно ќе се продаваат по цена од 76.50, односно 68.50 денари за литар. Само цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе претрпи минимално покачување од 0.50 денари ќе се продава по цена од 78.50 денари за литар.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.