Премиера на Peugeot 308 во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера на Peugeot 308 во Македонија!

Македонскиот импортер на Peugeot – Еуроимпекс – пред само неколку часа ни го презентираше новиот натпреварувач на Францускиот бренд во компактниот сегмент – новиот 308!

Новиот 308 е своевиден скок за Peugeot – првичните импресии се навистина одлични. Дизајнот е малку воздржан, но истовремено модерен и привлечен, а ентериерот е приказна за себе – збор на денот во Peugeot сигурно бил „минимализам“. Автомобилот плени и привлекува со својата едноставност и чистота на дизајнот, а забележливо е работено на опипливите квалитети. Цените ќе ги знаеме наскоро, сега можеме само да ви пренесеме дел од атмосферата која се создаде околу овој привлечен француски автомобил.

Во понудата се наоѓаат три бензински и два дизел мотори. Понудата на бензинците се сочинува од 1.2 VTi со 82 коњски сили, 1.6 THP со 125 коњски сили и 1.6 THP со 155 коњски сили. Боите на дизелите ги бранат два дизелски мотори со зафатнина од 1.6 литри, но со моќност од 92 коњски сили и 115 коњски сили. Најмалиот бензинец троши 6.3 литри во градски услови, додека кај дизелите потрошувачката изнесуа 4.4 односно 4.2 литри на 100 изминати километри во градски услови.

За новиот 308 веќе знаеме дека е технолошки напреден, и кај некои изведби и до 140 килограми полесен од својот претходник. Димензиите се компактни – 308 е долг 4.25 метри, висок 1.46 метри, и нуди багажен простор со зафатнина од 470 литри. Целта на Peugeot со овој модел е да ги задржи досегашните, но и да освои нови купувачи. Од она што ние го видовме, шансите им се повеќе од добри!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.