Volkswagen Golf TDI Bluemotion помина 1602 километри со помалку од еден резервоар гориво! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Golf TDI Bluemotion помина 1602 километри со помалку од еден резервоар гориво!

Опремен со 1.6-литарски TDI мотор со 110 коњски сили, Golf TDI Blumotion од седмата генерација измери потрошувачка од само 2.92 литри на 100 изминати километри!

Возачите и нивниот автомобил го започнаа патувањето во Нант, Франција, а го завршија во Копенхаген, Данска – цели 1602 километри подалеку. На крајот на патувањето, во резервоарот за гориво кој беше запечатен за времетраењето на целото патување, беа додадени 46.92 литри гориво – а тоа значи дека потрошувачката кај овој Golf изнесувала само 2.92 литри на 100 изминати километри!

Патеката избрана беше со посебно значење за Volkswagen, бидејќи Нант е Европска Зелена Претстолнина за 2013, додека Копенхаген ја носи истата титула за следната година.

Импресивната економичност на Golf TDI Bluemotion не се должи само на 1.6-литарскиот турбодизел мотор, туку и на Bluemotion технологиите кои се дел од овој автомобил, а тие вклучуваат стандардент Старт/Стоп систем, регенеративно кочење, подобрена аеродинамика, намалената висина, помалата тежина, доработениот шест-степен мануелен менувач и гуми со низок тркалачки отпор.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.