Баварскиот бренд објави интересно промотивно видео кое прикажува колку добар може да биде и постариот половен модел од нивно производство.
Поточно, станува збор за половните BMW возила кои се продаваат во претставништвата на брендот во Британија. Можеби повеќето од вас ќе се зачудат зошто петтата генерација на Серија 3 е прикажана како постаро возило, кога кај нас сеуште го гледаме како ново. Доколку има такви, да ве потсетиме, неодамна BMW го замени E92 купе моделот со Серија 4 F32.
Погледнете го видеото и уживајте!